Skip to content

XVI Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

На ден 09.11.2016 во просториите на Скопскиот саем се одржа шеснаесеттата Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски. На средбата присуствуваа градоначалници од општините во Скопскиот плански регион , претставници од одделенијата за локален економски развој и поканети гости од АД Водостопанство на Р. Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ и претставник од компанијата Глобал нет.
Согласно дневниот ред на Седницата, се разгледуваа осум точки, од кои најзначајни беа: презентација на Извештајот и препораките од комисијата која работеше на подобрување на состојбите со каналските мрежи и речните коритаво Скопскиот плански регион и   имплементацијата на проектот “Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот плански регион“ кој го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ.
На седницата се дискутираше и за предлог проектите со кои Центарот за развој на Скопски плански регион ќе аплицира до Бирото за регионален развој/МЛС за 2017 година. Пред присутните гости се презентираше и новиот иновативен проект “Веб портал- сподели деловен простор” кој се реализира преку Бизнис Центарот на Скопскиот плански регион, како и отворениот повик за грантови кој се спроведува преку ИПА 2 програмата за прекугранична соработка на Р. Македонија со Р. Косово и отворениот повик за грантови од Јапонската влада.
[foogallery id=”4856″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy