Skip to content

VI (шестата) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Во Домот на културата – ,,Илинден’’, општина Илинден на ден 17 Јули 2018 г. се одржа VI (шестата) седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Покрај градоначалниците од Скопскиот регион, како гости на седницата беа поканети и присуствуваа:

  • Г-ѓа Луиза Винтон – постојаниот претставник на Обединетите Нации
  • Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Проект менаџер УНДП
  • Г-дин Проф-др Никола Јанкуловски – Ректот на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј ”- Скопје
  • Г-дин Оливер Гоцевски – Престваник од Агенција за финасика подрашка во земјоделство и рураниот развој на Р.М

Со седницата раководеше претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион Г-дин Борис Георгиевски.
Седницата се одвиваше по дневниот ред. Следeше потпишување на Меморандум за соработка меѓу Советот на Скопски плански регион и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”. Целта на овој меморандум е взаемните капацитети и искуства, да бидат искористени за развој на идните проекти на сите 18 општини во Скопскиот плански регион.
Г-ѓа Луиза Винтон – постојаниот претставник на Обединетите Нации пред присутните се обратија со куса презентација на Грантовата шема за поддршка на Центрите за развој на планските региони и сите 17 цели за одржлив развој кои се предуслов за доделување на Грантот со вкупна вредност од 33.700,00ЕУР. Додека Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Проект менаџер УНДП ги информираше присутните за новиот повик за Грантова шема кој ќе биде наменет само за руралните општини.
Од страна на Советот беше избран еден проект со кој Центарот за развој на Скопски плански регион ќе аплицираат за искористување на Грантот во висина од 33.700,00ЕУР кој го доделува УНДП.Партнери во проектот се општините Гази Баба, Карпош, Чучер Сандево, Ѓорче Петров и Сарај.Проектот е за изградба на нов дневен центар за деца со посебни потреби и набавка на возило за транспорт на деца со попреченост/инвалидитет.
Понатаму следеше информативна презентација од Г-дин Оливер Гоцевски – престваникот од Агенцијата за финасика поддршка во земјоделство и рураниот развој на Р.М, за Јавниот повик од Програмата за финансиска поддршка и руралниот развој за 2018 година кој ги појасни условите и начинот на аплицирање.
На седницата за официјален претставник од Скопскиот плански регион за соработка со општините во Република Србија на локално ниво беше назначен Градоначалникот на општина Центар, Г-дин Саша Богдановиќ.
[foogallery id=”3651″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy