Skip to content

„Градење капацитети и презентација на ЕУ фондови“

ДАТУМ

април 25, 2017

Категории

Центарот за развој на Скопски Плански регион во соработка со Центарот за обуки на Секретаријатот за Европски прашања, во рамките на твининг проект за  градење на капацитети за ЕУ и евро-интеграциите, организирaa работилница која се одржа на 25.04.2017 година во просториите на Скопски Саем, Дипломатик сала.
Целта на работилницата беше да се презентираат отворените повици за финансирање од ЕУ наменети за институциите, граѓанскиот и приватниот сектор како и да се презентираат активностите на Центарот за обука на Секретаријатот за прашања на Р.Македонија.
На настанот присуствуваа претставници од Секретаријатот за Европски прашања на Р. Македонија, Европската Делагација во Р.Македонија, претставник од Министерство за надворешни и европски прашања на Република Хрватска, како и партнери во рамките на твининг проектот. На средбата беше презентирана ИПА I и ИПА II програмата за отворените  можности за општините и регионалните чинители како и презентација на тековните проекти наменети за општините од Центарот за обука на СЕП при Секретаријат за европски прашања.
[foogallery id=”4627″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy