Одржана VIII(осма) седница на Совет за развој на Скопски плански регион

Денес, Советот за развој на Скопскиот плански регион одржа редовна седница во просториите на Општина Гази Баба. По истекувањето на мандатот на претседателот на Совет за развој на Скопски плански регион г-дин Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, за нов претседател избран е г-дин Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден, на кој му е доделен мандатот во времетраење од една година без право на реизбор. Исто така поради истекување на мандат на актуелниот директор на Центар за развој на Скопски плански регион за вршител на должност директор поставена е г-ѓа Розета Арсовска.

ТАИЕКС Експертска мисија за Управување со отпад и развојна локална економија

Центарот за развој на Скопскиот плански регион, од 28 до 30 ноември 2022, на онлајн платформата „Зум“ ја одржува експертска мисија  на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија – ТАИЕКС, посветени на Управување со отпад и развој на локалната економија. Експертската мисија се одвива под водство на европските експерти Алесандро Песа, Советник во Кабинетот на градоначалникот на Капанори и Никола Карнини од АСЦИТ груп. На Експертската мисија учество земаат 30 учесници од општините во Скопскиот регион, претставници на ЕУ4М, како и претставници од други институции и општини. На отворање на Екпертската мисијата се обратија г-ѓа Елизабета Боува од Секретаријатот за европски прашања и г-ѓа Ана Мазнева-Каранфиловска од Министерството за животна средина и простоно планирање. На денешната сесија експертите преку директен пример од Италијанската општина Капанори ја презентираа улогата на општините во процесот на спроведување на циркуланата економија како можност во успешно справување со отпадот, но и како можност за зголемување на локалната економија.  Повторна употреба на ресурсите доведува не само до намалување на отпадот но и уште поважно  и до креирање на нови услуги а со тоа и до нови рабони места. Настанот,  продолжува утре и задутре и (29 и 30 ноември) со онлајн работилница, на која експертите ќе ги споделат најдобрите практики за справување со градежен отпад и шут, како и отпад од мебел и текстил, и нивна примена во циркуларната економија како и примери на успешни кампањи за подигање на јавната свест за спреќување на отпад и промоција на циркуларни решенија. На крајот од своето обраќање, Розета Арсовска, Координатор за регионален развој при Центарот за развој на Скопски плански регион упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и до Секретаријатот за европски прашања при Владата, кои овозможија да се спроведе и да се одобри апликацијата на Центарот за развој на Скопскио плански регион за добивање експертска советодавна поддршка преку Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија – ТАИЕКС.

НАГРАДА ЗА НАЈУСПЕШНА МЛАДА ЛИДЕРКА ЗА 2022

Честитки за нашата колешка Ирина Тростјанска која е добитник на наградата “Најуспешна млада лидерка” за 2022, која ја доделува Националната платформата за женско претприемништво. Нејзината приказна е голема  инспирација за младите претприемачки кои се уште не се осмелиле да го направат својот прв чекор. Вистината е дека мнозинството од луѓето не се родени лидери, но се развиваат во лидери со делата што ги прават и со својот личен напредок. Со тек на времето без оглед на тоа дали сте искусен претприемач или штотуку го почнувате своето претприемничко патување ќе забележите дека поседувате некои карактеристики кои ги имаат и најдобрите и најефективните претприемачи. Центар за развој на Скопски Плански Регион се гордее со успесите на својата лидерка и активно ќе продолжи да ги промовира успешните приказни на младите претприемачи во Скопскиот плански регион.

Одржана Прва форумска сесија на заедницата за Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој

Центарот за развој на Скопски плански регион денес го започна новиот циклус на Регионални форуми на заедницата за Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) – Мнистерство за локална самоуправа(МЛС). Регионалните форуми финансиски се поддржани од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој и Министерство за локална самоуправа. На Првата форумска сесија се генерираа идеи и предлог проекти за избрани области, од кои во понатамошните форуми ќе бидат дефинирани во проекти кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од Биро за регионален развој/Министертсво за локална самоуправа.

ОГЛАС За избор на Директор на Центарот за развој на Скопски плански регион-1извршител на определено време за период од 4 години

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21) и согласно член 26 став 8, став 9, став 10, став 11, став 13 и член 27 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој (службен весник на РМ бр.24/2021 и 174/21), Согласно член 2 од Одлука од седница на Совет за развој на Скопски плански регион дел.бр.02-117/5 од 28.09.2022година Советот за развој на Скопски плански регион, објавува

ОГЛАС

За избор на Директор на Центарот за развој на Скопски плански регион-1извршител на определено време за период од 4 години

За Директор на Центарот може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно завршен VII/1 степен образование од областа на правните, економските или техничките науки;
  • да има работно искуство од најмалку пет години од кои најмалку две години со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој;
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од две години:

а) ТОЕФЕЛ (TOEFL) со најмалку 74 бода,

б) ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,

в) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) со најмалку Б2 ниво,

г) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

д) БУЛАТС (BULATS) со најмалку 60 бода или

ѓ) АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и

–    активно познавање на програми за компјутерско работење.

Покрај наведените услови за вработување предвидени со Закон за рамномерен регионален развој, кандидатот потребно е да ги исполнува и останатите општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик, да има општа здравствена способност за работното место).

Потребни документи за аплицирање:

Кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за Државјанство на Република Северна Македонија;
  • Уверение со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Биографија (CV);
  • Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
  • Доказ за работно искуство, копии од документите кои го потврдуваат стекнатото   работно искуство;
  • Меѓународно признат Сертификат за познавање на англиски јазик не постар од две години;
  • Сертификат /диплома за познавање на програми за компјутерско работење;
  • Лекарско уверение како доказ за општа здрaвствена способност за работното место.

Мандатот на Директорот на Центарот е 4 (четири) години, со право на повторен избор.

Огласот е отворен 4 (четири) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето на огласот.

Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:30 до 16:30;

Работни денови: од понеделник до петок.

Основна нето плата: 44.062,00,00 денари.

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за равој на Скопски плански регион – Скопје, на адреса ул.”Димитрија Чуповски” бр.13, први кат Стопанска комора Скопје.

Совет за развој на Скопски плански регион,
Претседател,
Бобан Стефковски 

Изградба на Дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост

Низата успешни проекти, денеска се збогати со уште еден инклузивен, корисен и општетсвено одговорен проект. Дененешниот датум за ЦРСПР и Општина Гази Баба е значаен ден, бидејќи работната група отпочна со реализација на проектот: Изградба на Дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост. Проектот е финансиски поддржан од Министерство за локална самоиуправа\ Биро за регионален развој и Општината Гази Баба. Горди сме на можноста да придонесеме и во овој дел од сегментот на социјалниот развој, кој што е исклучително потребен на заедницата.

Регионални форуми на заедницата

Центарот за развој на Скопски плански регион, започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата за Програмата за регионален развој  на Бирото за регионален развој (БРР) – Мнистерство за локална самоуправа(МЛС). Регионалните форуми финансиски се поддржани од страна на  Швајцарската агенција за соработка и развој и Министерство за локална самоуправа.

Целта на регионалните форуми е да понудат предлог проекти со иновативни и ефикасни решенија за детектираните проблеми од најприоритетните области кои го засегаат Скопскиот плански регион.

На Првата форумска сесија ќе се генерират идеи и предложат решенија-предлог проекти за избраните области, од кои во понатамошните форуми ќе се одберат најдобрите предлог-проекти кои  ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од БРР/МЛС.

Првата Форумската сесија ќе се оддржи на 10 ноември 2022 г. (четврток), со почеток во  10:00 часот, во просториите на Стопанска комора на Северна Македонија.

Одржана VII седница на Совет за развој на Скопски плански регион

На ден 28.09.2022година, во просториите на Општина Гази Баба се одржа седмата седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На седницата беа презентирани активностите од тековните проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022.

Успешно реализирана првата работилница “Управување со отпад  и развој на локалната економија“

Успешно реализирана првата работилница “Управување со отпад  и развој на локалната економија“ организарана во Скопје од страна на TAIEX LTA – техничка поддршка за локалните власти во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион и Секретаријатот за Европски прашања. “Огромно задоволство и чест ми беше за мене лично, да се учествува во организацијата на дводневната работилница која е прва активност во нашата држава организирана од „TAIEX стратешка поддршка за локалните власти„ како новитет na TAIEX инструментот“ – истакна Г-ѓа Розета Арсовска, координаторката за регионален развој при Центарот за развој на Скопски плански регион. 110 претставници на министерствата, локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, академската и бизнис фела, како и претставници на граѓанските здруженија  дискутираа за ефикасно управување со отпад, третман на отпадни води, зелени јавни набавки и циркуларната економија со 12 меѓународни и домашни експерти/панелисти со цел подобрување на локалната економија и заштита на животната средина. “Отпадот не е само предизвик, туку и можност за развој – порача Штефен Худолин, Шеф на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. А, TAIEX ја отвара можноста секоја општина да биде дел од одржливиот развој.“

Почеток на реализација на нов инфраструктурен проект

Центарот за развој на Скопски плански регион денеска отпочна со реализација на инфраструктурен проект “Мапирање на рекреативна велосипедска патека и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација – с. Кучково, општина Ѓорче Петров”. Со реализаија на овој проект ќе се создаде нова димензија и намена на постоечкото излетничко место со нови услуги за нови корисници како од општината Ѓорче Петров, Градот Скопје и пошироко. Проектот е финансиски поддржан од Влада на Република Северна Македонија (Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој) согласно програмата за развој на Скопски плански регион за 2021 година, со индикативно планирани средства за 2022 година со вредност за изведба на проект 4.698.996,00 денари. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери  се општините Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Карпош.