Центарот за развој на Скопски плански регион ја одржа првата Работилница во рамки на проектот ПАДРИОН, на новата локација со седиште во објектот на Сојузот на Синдикати на Македонија.
Работилницата започна со Воведно обраќање од странана на Розета Арсовска, вд директор на Центарот за развој на СПР, по што проектните експерти Регина Икономовска, Бојан Кардалов и Жаклина Цветковска го спроведоа концептот во кој беа опфатени дигитализациските приоритети на локално ниво преку позитивни примери во земјава и можности за нови практики во кои интерактивно учествуваше работната група од сите ентитети кои придонесуваат во поддршката на дигиталната трансформација. На работилницата беа дадени насоките за заедничко формулирање на Патоказ за Локална дигитална Агенда и идентификување преку потреби и услуги на целните групи и чинители, како главни протагонисти во спроведувањето на идеите за вмрежување, тематски приоритети и временска рамка. Посебен акцент имаше темата „Жените и дигитализација“ во заедничкото креирање на Алатката за обуки и изборот на теми, методи и формати кои се најрелевантни за жените во македонскиот локален контекст. Работилницата заврши со најава на идните чекори во реализацијата на проектот ПАДРИОН кој на домашно ниво, успешно ги обединува сите актери во соочувањето со предизвиците на дигиталната трансформација.
No comment yet, add your voice below!