Центарот за развој на Скопски плански регион, во партнерство со општината Арачиново го реализираше проектот „Инвестиција во возила за отпад и канти за смет“.
Со овој регионален проект општината го зајакна својот капацитет за управување со отпад со 2 нови комунални возила за собирање смет како и комунална опрема со која се воспоставува интегриран систем за управување со отпад.
Остварените цели на проектот се во целосна согласност со Стратегијата за регионален развој на РСМ и приоритетот кој се однесува на намалување на негативните влијанија и подобрена заштита на животната средина во планските региони. Станува збор за подобрување на квалитетот на животната средина во Скопскиот регион, намалено загадување на воздухот, заштита на човековата околина и регионално управување со отпад. Проектот овозможува
проширени услуги за собирање и транспорт на отпадот, но создава и можност за рециклирање, преку поделба на видот на смет на местата предвидени за отпад.
Носител на проектот кој е во рамки Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година со индикативно планирани средства за 2024 година е Центарот за развој на Скопски плански регион, ко-финансиер е Општината Арачиново, а главен финансиер е Бирото за регионален развој-Министерство за локална самоуправа.
No comment yet, add your voice below!