На 15.03.2019 во просториите на Стопанската Комора на Македонија се одржа единаесеттата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

На средбата покрај градоначалниците од Советот за развој на Скопски плански регион, присуствуваа Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и кооординација на економските ресори Д-р Кочо Анѓушев, Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи како и преставници од Швајцарска Амбасада и Швајцарска Агенција за развој и соработка.

На средбата се отвори дискусија за идентификувани потреби  и предизвици со кои се соочува Скопскиот регион. Дискусијата ја отвори Претседателот на Советот на Скопски плански регион Борис Георгиевски. Предлог иницијативи во насока на конструктивна дискусија изнесе и Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски. Бидејќи градењето на институционалните капацитети е комплексен процес и подразбира заедничка соработка  во процесот на рамномерен и регионален развој , на Седницата отворено дискутираа сите поканети чинители и пренесоа свој став во насока на искористување на потенцијалите за развој на Скопскиот регион и предложените предлог иницијативи.

Дополнително, на седницата беа изгласани и трите предлог проекти, кои произлегоа од форумските сесии, во рамките на проектот “ Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој” чие финансирање е обезбедено од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

На средбата се дискутираше и за тековни активности за делокругот на работа на Центарот за развој на Скопски плански регион.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk