На ден 3 јуни 2015 во Скопје беше одржан шестиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан беше  Маркетинг, брендирање, иновации - Холански програми за поддршка на МСП во Македонија - УСАИД и ЕБОР поддршка за МСП.

03 Јуни 2015 година, х Континентал, Скопје со почеток во 11:00 до 15.45 часот - Бизнис Центарот на Скопски Плански Регион Ве поканува  на Шестиот информативен настан на Холандски програми за подршка на МСП во Македонија , презентација на кредитната линија за енергетска ефикасност на ЕБОР WEB Seff 2 , и УСАИД финансиската подршка за иновации во МСП,  како и едукативниот дел за вработените во МСП за маркетинг и брендирање. Како да создадат вредност за потенцијалниот потрошувач, преку градење препознатлив бренд, и преку градење позитивна и долгорочна профитабилна релација со потрошувачите се дел од содржините. Маркетинг комуникацијата во современото опкружување мора да биде уникатна,  диференцирана и релевантна за целната група. 

Овој настан се организира од Бизнис Центар за подршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија  во Скопскиот регион (РБЦ-СПР) и е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обeдинети нации (UNDP). 

Овој информативен настан е наменет за слушатели – целна група , микро , мали и средни претпријатија, лоцирани на територијата на Скопски плански регион. Во продолжение на поканата е даден прелиминарен дневен ред како и опис на проектот во чии рамки е формиран Бизнис Центарот. 

Ве молиме најкасно до 02. Јуни. 2015  пријавете ваш претставник кој би бил присутен на настанот на  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  или тел. 3218-482. 

Преземете ја програмата тука.

На ден 20 Мај 2015 во Скопје беше одржан петиот советодавен настан за МСП, во организација на Бизнис Центарот ан Скопски Регион. Темата на овој настан Финансирање за раст на МСП, која е посебно актуелна даде  можност на присутните фирми да се запознаат со актуелните кредити за поддршка кои ги нудат комерцијалните банки, Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР), Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), Кримсон Капитал фондацијата како и преку останати програми за финансирање на МСП.

Центарот за развој на Скопскиот плански регион е формиран според Законот за рамномерен регионален развој во Мај 2009 година. 

Добивај е-информатор од СПР

Пријавете своја емаил адреса на која ќе го добивате нашиот е-информатор кој ги содржи сите последни вести и информации од нашиот центар

Контакт инфо

Ул. Димитрие Чуповски бр. 13
Зграда на Стопанска комора на Македонија / први кат
1000 Скопје Македонија
тел.: +389 2 3244 033
тел.: +389 2 3244 036

contact@skopjeregion.gov.mk