СКОПЈЕ МИ Е ДОМА СО ЈАНЕ МИЦЕВСКИ

Гостување на директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Г-дин Јане Мицевски  во живо на В ТВ Вистинска Телевизија во емисијата СКОПЈЕ МИ Е ДОМА

на тема: развојните политики, стратегии и проекти со фокус на регионалниот развој, можностите и капацитетите на Скопскиот регион.

Во контекст на темата за предизвиците, изборот на проектите, јакнењето на човечките капацитети и туризмот, во разговорот беше вклучена и Г-ѓа Регина Икономовска, Координатор за регионален развој при ЦРСПР, како и Г-ѓа Гордана  Јанакиевска долгогодишен туризмолог и ентузијаст во афирмацијата на туризмот, која се надоврза со аспект на туристичкиот развој во регионот.

Центарот за развој на Скопски плански регион изразува благодарност и дава поддршка за изборот на темите за развој чии главни актери се планските региони кои преку ваквите медиумите, чиј интерес е домашниот регионален развој стануваат поблиски и попристапни до граѓаните.

EU4M студиска посета на Брисел и Антверпен

EU4M студиска посета на Брисел и Антверпен Голема благодарност до EU4M – project funded by EU #EU4M за одличната организација на студиската посета на претставници на повеќе институции и плански региони од  на Брисел (19.03.2024) и Антверпт (20-21.03.2024) со цел  вмрежување и соработка со регионите од  . На студиската посета од Центарот за развој на Скопски плански регион – ЦРСПР учествуваше Раководителот на одделение за РРР, Розета Арсовска. Во Брисел остварени средби во DG REGIO со Жил Кител и Габи Хагмулер. Следеа состаноци со директорот и заменик-директорот на претставништвото на покраина Северна Рајна-Вестфалија во , Рајнер Штефенс и Сузана Мецлер и нивниот тим, со Игнаси Сентелес, претставник на Владата на Каталонија во ЕУ и дебрифинг со амбасадорот Зулфи Исмаили и неговиот тим во Мисијата на во ЕУ. Го посетивме и почесниот конзулат на во Антверпен, регион Фландрија во Белгија каде имавме дискусија со поранешната пратеничка и министерка за економија на Белгија. Дводневниот настан на Interreg Europe во Антверпен, во која за првпат земјите кандидати и можеа да учествуваат, беше исполнет со учење, вмрежување и размена на интересни одржливи проектни идеи . Истиот беше одлична можност ЦРСПР да се претстави како иден партнер во проектите на Interreg Europe, https://www.interregeurope.eu/event/europecooperates2024 Повеќе информации за настанот што се одржа во Антверпен, Белгија https://www.interregeurope.eu/event/europecooperates2024 Повеќе детали за новиot отворен повик  #InterregEurope https://www.interregeurope.eu/apply-for-the-call

ПРОЕКТОТ „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ СО ОДЛИЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА 4 ДНЕВЕН БУТ КАМП ЗА КАРИЕРЕН РАСТ: УЧЕЊЕ, СВЕЖ ПРИСТАП, ПРЕДИЗВИЦИ, ВИЗИИ И ДРУГАРУВАЊЕ

Денеска заврши четиридневниот „Бут камп за кариерен раст“, кој е во делот на активностите на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“, плод на заедничка иницијатива на партнерството помеѓу, Центарот за управување со знаење Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион, партнери од македонска страна и Центарот за развој на Јабланичко-Пчињски округ и општината Власотинце партнери од српската страна. Проектот е во рамка на ИПА II програмата за прекугранична соработка Македонија – Србија, а се фокусира на воведување на нови пристапи и соработки меѓу јавниот и приватниот сектор со цел поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област, како и зголемуввање на капацитетите и компетенциите на сите надлежни чинители за спроведување на програмата за вработување. Освен што беа корисни и ефектни, овие „Бут камп“ денови беа омилени, дружељубиви, вмрежувачки и незаборавни за сите учесници кои ја препознаа кариерната клима во еден млад, прогресивен и пријателски амбиент. Симбиозата модератори, учесници, координаторски –тим, угостители, покажа како една обука, постигнува повеќе цели и станува модел за генерирање на слични практики кои младите ги препознаваат како „шанса за себе“, „шанса за својата иднина“ и „шанса за својата земја и пограничниот регион меѓу двете братки земји“. Обуката опфати: смопроценка на лични карактеристики; истражување на различни професии и работни места; стратегии за барање работа; совети за претставување на интервју; поставување на цели; аспект на улога во претставување на интервју за работа; претприемништво и можности за самовработување; искуствено учење преку вежби; активности и дискусии; и тимска работа. Обуката беше конципирана и со теренска посета на културното наследство, археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ во кој групата се запозна со животот на наолитскиот човек и благосостојбата на средниот неолит во чиј зенит се културата, уметноста и духовноста кои и за денес претставуваат благороден и хуман концепт во симбиоза со природата. Обуката беше заокружена со доделување на Сертификати, а она што ќе остане како слоган за взаемна мотивација и идни предицвици е сумираниот впечаток на учесниците во една реченица: „Би сакале кампот да продолжи уште некој ден, затоа што учиме, се дружиме и излегуваме побогати со знаења, вештини, пријатели и насмевки“.

Одржана XVII (седумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Во салата за состаноци каде домакини беа општина Центар, денес беше одржана XVII (седумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Приоритет на оваа тековна седница беа двете точки поврзани со информацијата за отпочнување на новиот повик за Прекугранична соработка – Република С.Македонија – Република Србија и промената на седиштето на центарот за развој на Скопски плански регион, за која присутните едногласно ја усвоија предлог одлуката. Следната седница на советот се очекува да се одржи за кусо време со на нова локација на центарот.

Успешно спроведена уште една TAIEX

Успешно спроведена уште една TAIEX Работилница “Дигитални општини – транспарентни и ефикасни јавни услуги“ Центарот за развој на Скопски плански регион (ЦРСПР) од 20-22 февруари 2024 г. во соработка со ЕУ TAIEX инструментот за техничка поддршка за локалните власти, ја спроведе работилницата “ Дигитални општини – транспарентни и ефикасни јавни услуги“. На отварањето на работилницта поздравни говории имаа: г-ѓа Елизабета Буова од Секратаријатот за Европски рашања, г-от Карл Џачинти од Делегацијата на Европсат Унија во Скопје, г-от Стефан Андоновски заменик министер од Министерството за Информатиќко општество и администрација и диреторот на Центарот г-от Јане Мицевски. “Од излагањата на меѓународните експерти видовме (Онаа што научивме на оваа работилница е) дека дигиталната трансформација е тековен процес кој, за да успее, не треба само примена на напредни и иновативни дигитални решенија туку бара посветеност, ресурси и соработка на сите чинители“- изјави г-ѓа Розета Арсовска Раководител на одделенито за регионален развој при ЦРСПР. Работилницата ја спроведоа реномираните меѓународни експерти, г-от Александар Томулиќ и г-от Зоран Цетињанин ,од Република Хрватска и г-от Петер Гершич од Република Словенија, а своја презентација имаше и домашниот панелист г-ѓа Ана Мазнева Каранфиловска. 45 претставници од општините од Скопскиот плански регион, претставници од министерствата и граѓанските здруженија ќе имаат можност да се запознаат со ЕУ регулативата, да разменат искуства за дигиталната трансформација и да се запознаат со користење на современи технологии во локалните заедници преку практични примери на дигитални решенија што ќе бидат споделени од страна на меѓународните експерти и домашните панелисти на работилниата.

ОТВОРЕН ПОВИК

Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме за предстојниот Буткамп за Раст во рамки на проектот ,,ШАНСА ЗА ТЕБЕ’’, наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија кој ќе се оддржи од 23-26 февруари во прекуграничниот регион.

Настанот го организира Центарот за управување со знаење заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, Центарот за развој на Јабланичко – Пчинскиот округ, и Општина Власотинце.

Главната цел на овој камп е да ги поддржи младите од прекуграничниот регион на Северна Македонија во развивањето на нивните работни и претприемачки вештини, како и да им помогне во препознавањето на можностите за професионален и кариерен раст.
Проектот, кофинансиран од ЕУ, е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Северна Македонија, Центарот за развој на скопскиот плански регион – Северна Македонија, Центар за развој Јабланичког и Пчињског округа Лесковац, Србија, и Општина Власотинце, Србија. Нашиот фокус е на зајакнување на механизмите за поддршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во пограничниот регион помеѓу Србија и Северна Македонија . Со воведување иновативни пристапи и поттикнување прекугранични партнерства, ние имаме за цел да ја зголемиме вработливоста и мобилноста на работната сила, зголемувајќи ги капацитетите и компетенциите на двата сектора во програмите за вработување.

Условите за учество се следни:

1) Возраст меѓу 16-29 години;

2) Жител на една од општините кои припаѓаат на прекуграничниот регион од Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровец, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане и Ранковце. 

Учеството е бесплатно за сите избрани учесници, а буџетот на проектот ги покрива трошоците за превоз, сместување и храна.

Рокот за регистрација е до 21ви февруари, 2024 година.

Регистрацијата за учесниците е на следниот линк:  

https://www.sansazatebe.info/news/se-baraat-30-pobednici-koi-mozat-vistinski-da-go-promenat-prekugranicniot-region-srbija-severna-makedonija

За повеќе информации и регистрација, Ве молиме контактирајте го Центарот за управување со знаење:

Лице за  контакт: Андријана Богдановска Ѓ.

Моб тел.: +389 78 30 15 40

Е-пошта:  info@knowledge-center.org

 

Организаторот го задржува правото на промена на датумот доколку околностите го бараат истото.

 

Увид во изградба на градинка во Петровец

Се завршуваат последните активности на проектот “Изградба на детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец со сензорна соба” во Општина Петровец. За таа цел, министерот за труд и социјална политика г. Ѓоко Велковски, заедно со директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г. Јане Мицевски и градоначалникот на Општина Петровец г. Борче Митевски, направија увид на градежните работи за изградба на градинката. Градинката ќе има стандардни услови за згрижување на повеќе од 50 деца од 1 до 5 години, а ќе се постави и сензорна соба за деца со нарушување од спектарот на аутизам, ADHD, говорни мани и други трауми во однесувањето. Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, со кофинансирање од Општина Петровец во имплементација на Центар за развој на Скопски Плански Регион.

ВМРЕЖУВАЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ – „OPPORTUNITY4YOU’

Центарот за развој на Скопски плански регион – ЦРСПР, управуван од директорот Јане Мицевски беше домаќин на дводневна Вмрежувачка Конференција во Скопје, која резултираше со одличен импакт на зададените цели, да ги вмрежи сите чинители во подобрувањето на  регионална клима за вработливост и мобилност во прекуграничниот регион Македонија – Србија. Прекуграничната конференција за вмрежување и соработка на јавниот и приватниот сектор овозможи студиозна јавна дискусија, вклучувајќи ги сите надлежни институции и сектори: јавниот, приватниот, образовниот, бизнис секторот, како и општините од Скопскиот и Североисточниот регион од страна на нашата земја и Јабланичко Пчињскиот регион и општината Власотинце од страна на пријателска Србија. Сите овие засегнати страни, со особен интерес и бројно присуство на градоначалниците од обата региона, јавно придонесоа со своите аспекти, програми и мерки кои се предмет на синхронизација и подобрување на прекуграничните можности за вработување, преку моделите, искуствата и препораките за мотивација и задржување, пред се на дефицитарната кадрова сила. Настанот покажа дека е потребно да се преиспита состојбата, да се обрне поголемо внимание на моменталните трендови на „берзата“ на трудот со акцент на сегашното и идното профилирање на младите, но и на продуктивните и возрасните кадри, кои постојано имаат потреба од зајакнување и надградба, преку ревидирање на квалификациите и современа верификација на искуствата, вештините и знаењата. Конференцијата освен што овозможи преиспитување и соочување со проблемите и предизвиците во системот, пред се овозможи промоција на  механизмите за подршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во прекуграничата област преку Презентација на наодите од Студијата за прекуграничната мобилност на работна сила. Концептот на конференцијата ја опфати и темата за регионалната иницијатива Отворен балкан,  која претставува засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал и услуги. Конференцијата е една од клучните активности од проектот ШАНСА ЗА ТЕБЕ, финансиран од Европската Унија, во рамка на ИПА II Програмата за прекугранична саработка на Србија и Северна Македонија, кој е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Скопје, во својство на носител и Центарот за развој на Скопскиот плански регион, како партнери од Македонија и Центарот за развој на Јабланичко Пчињскиот округ, Лесковац, и Општина Власотинце, како партнери од Србија. Проектот Шанса за тебе“, се фокусира на воведување на нови пристапи и соработки меѓу јавниот и приватниот сектор со цел подршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и зголемување на капацитите и компетенциите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програмата за вработување. Дводневната Конференцијата беше конципирана во воведен ден со: поздравен говор, промоција на проектот преку презентација на резултатите од компаративната студија, како и потпишување на „Протокол за соработка“ и „Заложба за развој на заедницата“ од страна на коморите, претставниците на бизнис секторот, образованието,  невладините организации и градоначалниците од регионалните општини. Вториот ден, резултираше со плодна дискусија конципирана во два форума, од кои на првиот со тема „Зголемена вработливост, нови економски перспективи и соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, учествуваа 8 панел говорници од сите засегнати институции и сектори.  Говореа,  Горан Ѓеоргиевски, Претседател на Агро-бизнис комора;  Виолета Стојановиќ, Раководител на сектор за активни мерки и програми од Агенција за вработување;  Маја Крстевска, Раководител на одделение од Центар за образование на возрасни; Самоил Малчевски, Професор од Едукативен центар за претприемништво, Славјански Универзитет;  Оливер Андреевски, Координатор за комуникации од Национален младински совет,  Македонка Димитровскa, Професорка при Американ Колеџ и Жена Претприемач со успешна бизнис приказна; Весна Ристова, Он-лајн консултант и ментор за женско претприемништво од дигиталната плетформа „ОснаЖена“ и Агрон Фазлији, Претседател на Националната Занаетчиска Комора. На втората форумска сесија за темата „Можности и модалитети во идните прекугранични соработки во прекуграничната област Р.С.Македонија и Србија“ говореа клучните претставници на проектот: Андријана Богдановска, Извршен Директор на Центарот за управување со знаење; Драгана Белензада, Директор на Центарот за развој на Јабланичко Пчињскиот округ – ЦРЈПО;  Горан Миленковиќ, Раководител на проект за рурален развој и земјоделство и Координатор во Проектот „Шанса за тебе“ од ЦРЈПО; Регина Икономовска, Координатор за регионален развој во пограничниот регион во проектот „Шанса за тебе“  од ЦРСПР и Ирина Тростјанска – Координатор за обуки и јабвни набавки во проектот, од ЦРСПР.  Завршниот збор, со осврт на проектот и благодарност за соработката и учеството, како и за интересот и големиот одзив на присутните, го даде директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски во својство на домаќин на конференцијата, која отвори многу прашања и иницијативи за иднини мостови на соработка меѓу Србија и Македонија, втемелени на носечките индустрии, чии клетки се токму профилите на кадровата сила за чија подобра иднина, една од базите е и овој конструктивен проект.

Одржан првиот дел од конференцијата за вмрежување и прекугранична соработка во рамките на проектот “Шанса за тебе” “Opportunity 4 you”

Денес се одржа првиот дел од конференцијата за вмрежување и прекугранична соработка во рамките на проектот “Шанса за тебе” “Opportunity 4 you” На отворањето на конференцијата поздравни говори имаа: Директорот на ЦРСПР г-дин Јане Мицевски,г-ѓа Андријана Богдановска извршен директор на СКМ,г-ѓа Драгана Белензада,директор на Центар за Развој на Јабланичко-Пчињски Регион, како и градоначалниците од пограничниот регион г-дин Борче Митевски,претседател на советот на ЦРСПР и градоначалник на Општина Петровец и градоначалникот на општина Власотинце г-дин Братислав Петрович. Во вториот дел од седијата беше презентиран проектот “Opportunity 4 you” и наодите од студијата за преку гранична мобилност на работната сила. Првиот работен ден од конференцијата заврши со потпишување на “протокол са соработка” и “заложба за развој на заедницата” кои беа потпишани од градоначалниците од пограничниот регион,претставници од коморите,бизнис секторот,неформалното образование и граѓанскиот сектор. Во текот на утрешниот ден конференцијата ќе продолжи со работен дел и панел дискусија во два форума.